До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Синоќа Росонерите изведоа најмлада екипа во последните три децении.
Подмладувањето на екипата без резултати умее да биде болно и да се оспостави како промашена политика.
Но, подмладување кое одма дава резултати со право се смета почеток на нова ера.
На почеток на нов циклус се наоѓа Милан од доаѓањето на Винченцо Монтела на клупата.
Прибуваа Росонерите во претходните три години со Сидорф, Инзаги и Михајлпвиќ на клупата, Берлускони често истакнуваше дека сон му е да види Милан со млади и домашни фудбалери како костурот на екипата.
Монтела тоа му го подари, а пред се има и резултати над очекувањата.
Милан синоќа победи на гостувањето кај Емполи прв пат после осум години, а Монтела изведе најмлад стартен состав на Росонерите во последните 31 година!
Значи, дури ни Силвио Берлускиони во текот на богатото газдување на Милан за повеќе од три децении не виде таков млад тим во својот клуб.
Монтела во Емполи изведе состав: Донарума – Абате, Гомез, Ромањоли, Де Шиљо – Пашалиќ, Локатели, Фернандез –Сусо, Лападула, Бонавентура.
Просекот на годините на споменатиот тим изнесуваше само 23,6 години! Тоа е најмлад тим на Милан уште од натпреварот против Пескара од далечната 1985 година! Дури може да се рече дека тој просек би бил уште помал со оглед дека 30-годишниот Фернандез после 10 минути го замени година дена помладиот Куцка. Од клупата уште влегоа Нианг кој има само 21 година и „искусниот“ Поли кој има 27 години.
Најмлади во тимот нормално беше голманот Донарума (17 години), потоа Локатели (18), Ромањоли и Пашалиќ (21), Сусо и Гомез (23), Де Шиљо (24)…















