„Не зборувајте глупости, Ибра не е ни до колена на Кантона“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Златан Ибрахимовиќ се повеќе е на удар на критики поради лошата форма.

    Последен кој се оглсаси по повод неговата лоша форма е некогашниот играч за врска и репрезентативец на Франција Емануел Пети кој смета дека споредбата меѓу Ибрахимовиќ и Кантона не се баш на место.

    „Луѓето велат дека Ибрахимовиќ е како Кантона…Не, воопшто, ниту малку, не зборувајте глупости. Кантона, ако тој сака да ве удри во глава, тој тоа ќе го направи. Ќе го направи и кога ќе загуби“, рече Пети и додаде:

    „Кантона одеше во лицето на противникот, стоеше пред екипата. Ибра не е баш таков ,иако понекогаш одговара. Да, ги има карактерот и личноста, но не е Кантона“.

    Да потсетиме дека Ибрахимовиќ постигна го на првите четири натпревари од Премиерлигата, но од тогаш не се запиша во листата на стрелците.