„Не ние драго што ќе играме со Јувентус“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона Иван Ракитиќ рече денеска дека во неговата екипа не се задоволни што во четвртфиналето на ЛШ ќе играат против Јувентус.

„Барселона не е задоволна што ќе се соочи со Јувентус, а (фудбалерот на Јувентус Марио) Манџукиќ ми рече дека на нив не им е драго што мораат да играат против нас“, рече 29-годишниот играч за врска за Кориере дела Сера.

Торинската „Стара дама“ за седум дена ќе игра дома против Барселона во првиот меч од четвртфиналето на ЛШ.

„Тие се престижна екипа на италијанскиот фудбал. Се наоѓаат меѓу пет или десет најдобри екипи на светот. Игравме против нив пред две години па знаеме колку се силни“, рече Ракитиќ, а пренесува Хина.

Клупата на Барселона на крајот на сезоната ќе ја напушти тренерот Луис Енрике, кој дојде во клубот исто кога и Ракитиќ, 2014 година. Енрике денеска повтори дека поради замор има намера да направи пауза од фудбалот.

„Мирен сум како и сите останати овде. Беа овие две и пол спектакуларни години со него, речиси перфектни. Тој ме сакаше во Барселона и на тоа засекогаш ќе му бидам заблагодарен. Ја разбирам неговата одлука и заморот бидејќи се занимава со сите детали овде. Барселона му е под кожа“, рече Ракитиќ.

Барселона во Примера има два бода помалку и натпревар повеќе од Реал Мадрид.

„Мораме да продолжиме да победуваме, има уште многу натпревари до крај, веруваме во себе“, рече хрватскиот фудбалер.