„Не постои ништо подобро од играњето за Милан“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    „Каде се гледам себе на 38 години? Се гледам како бранам во клубот кој го сакам, тој за кого навивам од мали нозе“, одговори суперталентираниот голман а во ек е информација дека Јувентус го сака наместо Џанлуиџи Буфон.

    Италијанската фудбалска јавност нема дилема – талентираниот Џанлуиџи Донарима може еден ден да биде вистински наследник на имењакот Буфон. Нормално, доколку 17-годишниот голман на Милан продолжи да се развива во вистинска насока и брани стандардно за тимот од Сан Сиро.

    Сепак, се почесто во медиумите се појавува и информација дека Јувентус навистина го сака како наследник на Буфон и тоа на својот гол кога легендарниот чувар на мрежата ќе рече збогум.

    Прашање е само дали Џиџи младиот сака романса со Старата дама.

    Навистина малку фати на око неговиот договор со Милан, бидејќи е глупаво да брани со стипендија во првиот тим кога на големо влезе во сениорските води, но тоа моментално не го загрижува.

    „Менаџерот Мино Раиола води сметка за новиот договор и знам дека нема да има никакви проблеми“, истакна Донарума за Ла Стампа.

    Малку подоцна стигна и одоговор кој нема да им се допаѓа на фановите на Јувентус.

    „Каде се гледам себеси на 38 години? Па се гледам како бранам во клубот кој го сакам, за тој за кој навивам од мали нозе. Не постои ништо подобро и поубаво од тоа на светот. Се надевам дека ќе бидам активен и во тимот на крајот на фудбалските години, а дека во рок во наредните десет години ќе ја понесам и капитенската лента на Милан“, рече одличниот Донарума.

    Тајната за успех со Росонерите е едноставна.

    „Кога не победувате постојат нервози. Со Монтела го вративме изгубениот ентузијазам, станавме свесни дека имаме голем потенцијал и дека сме тим од врвот на Серија А“, заклучи Донарума.

    Интересно, Милан и Јувентус се среќаваат утре вечер на Сан Сиро во дербито од осмото коло на Серија А, па настапот на младиот голман ќе биде под посебна лупа во поглед на последната изјава.