Не сака во Реал Мадрид, сака во Арсенал?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерот на Спортинг од Лисабон има желба да потпише за некој клуб од англиската Премиерлига.

    Флорентино Перез изрази желба да го доведе во Реал Мадрид, но тој филм нема да го гледаме.

    Фудбалерот на Спротинг од Лисабон, Желсон Мартинс, наводно не сака во Реал Мадрид бидејќи смета дека својата кариера ќе ја уништи со (не)играње за тој клуб, па во предвид доаѓааат други клубови во кои може да добие шанса да заигра.

    „Абола“ пишува дека Арсенал го скаутираше овој 21-годишен крилен играч на Спортинг, дека токму Арсен Венгер е на пол позиција кога се работи за негово доведување.

    Сепак, Мартинс најверојатно ќе остане во Спортинг до крајот на сезоната, а тогаш може да ја промени средината и да направи голем трансфер.

    Според се ова, привлече внимание и окоу потпишувањето на нов договор на Мартинс со Спортинг, Португалецот сака милион евра, а Спортинг му нуди 800 000.