„Не се чувствуваме така лошо како после Париз“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Андрес Иниеста смета дека играчите не се чувстуваат лошо како после натпреварот против ПСЖ, и дека ќе ги свртат работите на своја страна доколку одработат се што е потребно во реваншот.

Играчите на Барселона успееја да постигнат најголем пресврт во историјата на Лигата на шампионите, бидејќи поништија предност од Париѓжаните од 4:0 од првиот натпревар.

А и овој пат ќе им биде потребно вистинско чудо со цел во реваншот да се вратат во игра против одличниот Јувентус.

„Лошо работевме некои работи, посебно во првото полувреме“, рече Иниеста.

“Не казнија со два голоа, но многу подобро влеговме во второто полувреме. Заслуживме да постигнеме погодок, но што е, тоа е“.

„Јуве е одлична екипа, но кога вие нема да направите добра работа, секогаш следи казна“, додаде капитенот на Барселона.

„Сличности со натпреварот во Париз? Не се чуствувам така лошо како тогаш, но пред нас сега е уште една голема пречка. Пресврт е можен ако играме онака како што треба да играме, во спротивно нема да биде можно“, рече за крај искусниот Шпанец.