Неверојатно – Знаете ли колку порази има Арсенал во последните седум месеци?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Четата на Арсен Венгер е во одлична форма, стигнаа и до второто место на табелата од Премиер лигата, со ист број на бодови како и водечкиот Сити.

    Многумина го оспоруваа Арсенал и бараа промена на клупата, како и Венгер беше шкрт во поголем дел од преодниот рок, што директно влијаеше и на стартот на сезоната, како и на стартот од премиерата се поразени од Ливерпул дома.

    Гунерите очајно сакаат трофеј, поради безграничкото трпение на Венгер мислеа дека ни оваа година нема да го дочекаат.

    Сепак, ако погледнеме како Арсенал сега делува, многумина ќе го речат спротивното. Врзаа седум победи во сите натпреварувања со гол разлика 23:4, моментално нема тим со подобра форма од нив во Европа.

    Податок кој помина незабележано е дека поразот од Ливерпул на стартот од новата сезона, е единствен пораз на Арсенал во последните СЕДУМ МЕСЕЦИ!

    Апсолутно неверојатен податок, со такво не може да се пофали ниту еден тим во „петте лиги“, делува дека дојде време за навивачите на Топџиите да уживаат во настапите на својот клуб, кои делуваат зрело и спремни било кога за освојување на трофеј.