Неколку гиганти без играчи во најдобриот состав


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Гоал направи најдобар состав од четвртото коло од Лигата на шампионите кое се одигра во вторник и среда.

    Некогашниот голман на Кралевите, а сега на Порто Икер Касиљас е избран за најдобар чувар на мрежата во ова коло.

    Одбранбената линија ја сочинуваат следните играчи: Хенрич (Баер Леверкузен), Занка (Копенхаген), Вертонген (Тотенхем) и Менди (Монако).

    Средниот ред е резервиран за Н Зонзи од Севиља, Гундоган и Де Брујн од Манчестер Сити, Озил од Арсенал и Бејл од Реал Мадрид.

    Во врвот на нападот се најде Гризман коиј одигра одличен натпревар за Атлетико Мадрид.