Несторовски не може сам, златната резерва Лападула му донесе три бода на Милан, Пјаниќ од слободен удар го расплака Киево


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Од 12-тото коло од Серија А се одиграа уште четири натпревари.

    Фудбалерите на Јувентус славеа тешко на гостувањето против Киево со 1:2. Манџукиќ во второто полувреме му донесе предност на старата дама. Потоа беше досуден пенал за домашните, а Пелисие израмни. Со фантастичниот погодок на Миралем Пјаниќ од слободен удар Јувентус го однесе цел плен од Верона.

    Џенова и Удинезе ремизираа, 1:1. Теро погоди за Удинезе, а за Џенова погодокот го постигна Окампос. Македонскиот репрезентативец, Горан Пандев остана на клупата на резерви.

    Росонерите со многу мака славеа на гостувањето во Сицилија против Палермо, 1:2. После петнаесет минути игра Суси погоди за 0:1. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски на дваесет минути игра пред крајот на натпреварот го израмни резултатот. Резервата Лападула ги постави конечните 1:2 за нови три бода на Милан.

    Гомез, Калдара и Конти беа стрелци во победата на Аталанта на гости кај Сасуоло, 0:3.