Несторовски повторно погоди, Палермо повторно загуби, пресврт на Аталанта за победа против Рома


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Уште пет натпревари се одиграа од петнаесетото коло од Серија А.

    Фудбалерите на Рома си заминаа од Бергамо поразени со 1:2. Пет минути до крајот на првото полувреме беше досуден пенал за Рома. Диего Пероти ја зеде топката и погоди за водство на римската волчица. Калдара во второто полувреме погоди за израмнување. Во 90-та минута Кеси од пенал му донесе големи три бода на Аталанта. Рома после овој кикс има седум бода негатива во однос на лидерот Јувентус.

    Болоња на домашен терен го совлада Палермо со 3:1. Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски после десет минути игра погоди за водство на Палермо. Десет минути подоцна Дестро го израмни резултатот. Џемаили и Вивиани во второто полувреме за победа на Болоња. Несторовски го постигна осмиот седмиот погодок оваа сезона во Серија А.

    Торино славеше на гостувањето кај Кротоне со 0:2. Двата погодоци ги постигна Белоти во период од девет минути.

    На Карло Кастељани Фиорентина го декласира Емполи со 0:4. По два погодоци постигнаа Бернардески и Иличиќ за победа на виолетовите.

    Лацио им се врати на победите со тоа што денес ја совладаа на Олимпико Џенова со 3:1. Андерсон во првото полувреме му донесе водство на домашните. Окампос израмни, Биља набрзина од пенал го врати водството на Лацио. Валас го реши победникот на натпреварот во 66-та минута. Македонскиот репрезентативец, Горан Пандев влезе во 80-та минута на местото на стрелецот на првиот погодок, Окампос.