Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Малага кон Барселона: Да видиме кој го намести мечот?
Реал Мадрид со лесно победи против Малага (0:2) на Росаледа стадионот ја освои титулата шампион на Шпанија.
Кралевите титулата ја освоија со три бода пред Барселона која со доста маки го победи Еибар со 4:2, но Каталонците веруваат дека играчите на Малага не се потрудија да го запрат Реал.
Како доказ ја приложија реакцијата на дефанзивецот на овој тим Микел Миљануева.
Сметаат дека намерно ја пропуштил топката кај голот на Реал, што директно влијаел на резултатот.
Барса најави и официјална жалба поради се што се случуваше на овој меч, но брзо добија одговор од претседателот на Малага Абдулах Ал Тани.
Тој најави дека против каталонскиот гигант ќе поднесе пријава до ФИФА и за местење на мечот против Еибар.
„Ак обвинувањата не прекинат во рок од 24 часа ќе испратам жалба до ФИФА. Ќе ги замолам да ги прегледаат двата меча и да се види кој што намести“, рече Ал Тани, и додаде:
„Ние не продаваме натпревари. Најдобар доказ за тоа е дека одбивме пари од Барселона да го победиме Реал Мадрид“, истакна Ал Тани.
Реал Мадрид на крајот сепак на крајот ја освои титулата шампион, вкупно 33 во историјата и тешко дека истото може да се промени после завршување на сезоната.