Ница не запира, нова жртва е Лион!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    После двенеделна пауза порад репрезентативните натпревари продолжено е првенството во Франција.

    Ница продолжува со серијата на одлични резултат ии во вториот натпревар од 9 коло на домашен терен го совлада Лион, а конечниот резултат после 90 минути игра гласеше 2:0 во корист на клубот кој од клупата го води Лусијан Фавр.

    Веќе после пет минути игра Ница имаше водство.

    Мрежата на Лион ја затресе Бајсе, а минималната предност на семафорот стоеше се до 76 минута кога за 2:0 погоди Сери.

    Подоцна се испостаив дека тоа ќе биде и последен гол. Со вечерашниот триумф Ница ја задржа лидерската позиција и моментално има 23 бода на контото, четири повеќе од вторпласираниот Монако.