Нови главоболки за Енрике пред Малага


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тројца се надвор поради повреда, сега ќе мора да уфрли и двајца од резервниот погон.

Алеиш Видал, Арда Туран и Рафињо се повредени, и нема да бидат во протоколот за мечот со екипата на Малага, а на нив после мечот со Севиља се придружија уште двајца.

Имено, поради жолти картони кои ги заработија во победата над Севиља, Жерар Пике и Иван Ракитиќ ќе мораат да одработат суспензија, и нема да бидат во тимот за споменатиот дуел од 31 коло.

Тоа на Енрике остава 16 фудбалери на расплагање, и јасно е дека ќе мора да повика двајца од Барселона Б.

Се претпоставува дека во протоколот ќе се најде младиот Карлос Алена, кој веќе настапи во првиот тим во оваа сезона, а со него дефинитивно ќе биде уште еден млад фудбалер.

Малага во претходните неколку дуели се покажа како многу незгоден ривал за Блауграната, ремизираа во првиот дел од сезоната, а ќе видиме дали десеткуваната Барселона ќе успее да ги совлада и да ја продолжи потерата за Реал на чело на табелата на шпанската Примера.