Нови проблеми за Росонерите, Кинезите ја фалсификувале банкарската документација?!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Според навоте наводи од Кина, пронајдена ие друга лажна банкарска гаранција за превземање на Милан од страна на „Сино Еуропе Спорт“ компанијата.

    Италијанскиот клуб може да се најде во нови проблеми поради поради наводното фалсификуваање на банкарската гаранција на кинескиот конзорциум кој веќе уплати депозит од 100 милиони евра.

    Порано е обелоденето од страна на американскиот портал „Bloomberg“  дека кинескиот конзорциум лажираше писмо од „Јаингсу“ банка, но „Сино Еуропе“ тоа не го признава.

    Сега според наводите на кинескиот сајт “caixin.com”, конзорциумот на чело со Ли Јонгхонг го фалсификувале писмото од „Донггуан“ банката, барајќи финансиска потпора.

    Во споменатото писмо, изготвено на 26 април во тековната година, стои дека банката „сака да пружи неопходни средсттва“, врз основа на одобрението на владата.

    Сепак, според наводите на гореспоменатиот сајт од Кина, „Донггуан“ банката писмото која ја потврди работата, го прогласи за лажно.

    Кинескиот конзорциум прифати да ги купи сите акции нај фудбалскиот клуб на Милан од компанијата „Фининвест“ која е во сопственишто на Силвио Берлускони.

    Депозит од 100 милиони евра, во две рати, веќе е исплатен, меѓутоа, целата реализација на зделката веќе се одложи, а после новите обвинувања за лажирање на документите може да направи дополнителен проблем на Милан.