Новиот договор на Крос ги направи соиграчите љубоморни


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    На официјалната страна на Реал Мадрид е потврдено дека Тони Крос го продолжи договорот до 2022 година.

    Германскиот фудбалер на Сантијаго Бернабе стигна во 2014 година од Баерн и од тогаш е стандарден член на првиот тим, а дека нема намера во блиску време да ја менува средината јасно порача со ставање на параф на нов договор.

    „Во Мадрид сум среќен од првиот ден и не размислувам за друг клуб. Реал е најголем на светот. Сакам да се заблагодам на клубот на довербата, со оглед дека имам две одлични погоди позади себе, сакам да продолжам така.

    Целта ми е да ја завршам кариерата во Реал и да се повлечам на високо ниво“, изјави меѓу останатото, Крос.

    Претседателот на Реал одобри на Крос речиси двојно дуплирање на приходите, па наводно место досегашните 11 во иднина ќе заработува дури 20 милиони евра бруто годишно.

    Тоа е, според пишувањата на шпанските медиуми, предизвика негативни емоции во соблекувалната  придружени со љубомора и лутина.