До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Селекторот на Аргентина го откри планот за наредните два натпревари во квалификациите за СП 2018.
Лионел Меси е надвор од тимот поради проблеми со задната ложа, па Аргентина ќе мора да се спротивстави на Перу и Парагвај без капитенот и најдобриот играч.
Едуадо Бауза најави дека во нападот ќе играат – Серхио Аугеро, Паоло Дибала и Гонзало Игуаин.
„Идеја е да игра Игуаин, нормално, како деветка, а Агуеро да биде позади него. Паоло Дибала ќе мора да заигра место Меси на десно крило“, откри Бауза.
Останува да се види во која формација Аргентина тогаш ќе заигра, поради тоа што не треба да се заборави дека тука е Анхел Ди Марија, кој може да дејствува по лево крило, но тогаш екипата можеби ќе биде премногу офанзивна со Дибала, Агуеро, Ди Марија и Агуаин, но рака на срце, и без Меси, на хартија ова делува застрашувачки.















