Од Дортмунд испратија отровни зборови кон Лајпциг


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Првиот човек на Борусија од Дортмунд Ханс – Јоаким Вацке во интервју, кое го даде за германските медиуми, упати низа на критики кон Лајпциг, клубот во оваа сезона направи вистински бум во Бундеслигата.

    „Во нивниот случај не постои ништо фудбалско, никаква традиција, никаква историја, ама баш ништо. Дури и клубовите со слични со нив се во сопственост на фирми, како Хофенхајм или Волфсбург, имаат некаква репутација, некаков шмек, а Лајпциг игра фудбал само за да продаваат енергетски пијалоци“, смета Вацке.

    Лајпциг е единствен клуб во Бундеслигата кој не овозможува на навивачите да станат негови членови, веќе за тоа бараат 25 000 евра, поради што во летото едвај доби лиценца.

    „Обичен германски навивач традиционално има многу имтимен однос со клубот. Тоа е затоа што се чувстува себе како дел од клубот, дел целина и не е саму муштерија, како што е во случајот во Англија. Тоа е таа имтимна врска меѓу навивачите и клубот која мора да ја цени, а во Лајпциг тоа го оневозможува бидејќи мисли само на заработка“, заклучи Ханс Јоаким Вацке.

    Лајпциг во оваа сезона прв пат се натпреварува во Бундеслигата и моментално го зазема второто место, со ист број на бодови како првопласираниот Баерн (26), додека Борусија го зазема петтото место со 18 бодови.