Одличен двоец на Аптекарите на мета на славниот клуб


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Италијанскиот гигант Милан пополека се враќа на стазите на стара слава. Росонерите конечно се при врвот на Серија А, но титулата и во оваа сезона веројатно ќе остане неисполнет сон.

    Екипата е значително помладена, а се очекува во јануари да биде значително засилена.

    Италијанските медиуми тврдат дека екипата од Сан Сиро е заинтересирана за доведување на одличниот двоец од Баер Леверкузен – Карим Бељараби и Хулијан Бранд.

    Тешко е да се очекува дека Аптекарите лесно ќе се откажат од одличните играчи, кои се едни од главните играчи на екипата.

    Инаку, Бељари неодамна го продолжи договорот со Баер до 2021 година, додека Бранд има валиден договор до 2019 година.

    Сепак, олеснителна околност за Миланезите е тоа дека во договорот има клаузула според која веќе во 2018 година БајАрена може да на напушти за само 12.5 милиони евра.