Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Белгискиот репрезентативец, Кевин Де Брујн се врати на тренинзите на Манчестер Сити.
Отако неодамна во гостинската победа против Свонси доживеа повреда на препоните, Де Брујн конечно ќе биде подготвен наскоро да се врати во пол ек.
Де Брујн нема да може да му помогне на Сити овој викенд против Евертон, но неговото враќање е предвидено за натпреварот против Барселона кој ќе се одигра на „Камп Ноу“ во вторник.
Де Брујн пред повредата беше во одлична форма и во првите шест натпревари во Премиер лигата постигна два гола и запиша пет асистенции.