Одлични вести од Торино: Маестро после шест месеци повторно на терен


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Играчот за врска на Јувентус Клаудио Маркисио се опорави од шестмесечната повреда на коленото.

    Италијанскиот репрезентативец во април го повреди коленото, и го пропушти Европското првенство, а тренерот на клубот Масимилијано Алегри го внесе меѓу 21 играчи за вечерашниот натпревар против Удинезе, заедно со тинејџерската сензација Моиз Кин, пренесува Фудбал Италија.

    Маркисио после опоравувањето одигра еден тест пријателски натпревар во оваа недела каде што постигна гол.