Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пет нови засилувања за Осогово на првата прозивка!
Две од нив се мошне звучни, Никола Трипуновски (средина) и Владимир Мојсовски (напад). Двајцата доаѓаат од второлигашот Скопје, а зад себе имаат десетгодишна прволигашка кариера, како и настап на интернационална сцена. Со нив нашиот клуб се очекува осетно да ги засили редовите и да добие како на квалитет така и на искуство.
Во екипата се враќаат Ефтим Аксентиев кој последните шест месеци беше надвор од државата, како и Илија Шуманов кој исто така беше надвор од државата, но подолг период.
Старо-ново име е и Благојчо Коцев кој по две години минати прво во Слога Виница, а сега Плачковица, се враќа во матичниот клуб.