Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако претходно беше поврзуван со Арсенал, Челзи, Милан и Јувентус, бразилскиот “вондеркид” најде клуб во Европа. Станува збор за Ришарлисон, 20-годишниот ултра-талентиран бразилец кој денеска официјално беше претставен како нов играч на премиерлигашот Ватфорд.
Ришарлисон игра на позицијата напаѓач и во минатата сезона постигна 10 гола во 21 натпревар со ограничена минутажа за тимот на Флуминенсе во бразилската прва лига. Висината на трансферот изнесува 12 милиони фунти и тој стави потпис на петгодишен договор со тимот на Ватфорд.
Бразилскиот напаѓач има и два настапи за репрезентацијата на Бразил под 20 години а скаутите за него велат дека по стилот на игра многу потсетува на Александре Пато, чија кариера почна одлично но развитокот му го скратија повредите. Да се надеваме дека тоа нема да се случи со Ришарлисон.