Официјално е! Наполи доведе напаѓач за 18 милиони евра

Наполи има нов напаѓач.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис потврди дека Наполи доведе напаѓачко засилување. Нов член на вицешампионот на Италија е Леонардо Паволети, напаѓачот на Џенова.

Паволети оваа сезона постигна 3 погодоци, но имаше големи проблеми со повредите. И моментално е повреден, но тренерот на Наполи, Маурусијо Сари на него ќе може да смета на почетокот на следната недела.

Џенова ќе заработи 18 милиони евра од овој трансфер, а Паволети е вториот фудбалер кој ја напушти Џенова денес. Од Џенова замина и Томас Ринкон во Јувентус.