До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легедарниот германски фудбалер Мирослав Клосе и дефинитивно ја заврши својата кариера.
Клосе денеска објави емотивен текст со што потврди и дефинитивен крај на богатата кариера низ која го стекна епитетот на фантастичен голгетер, и стана и светски шампион со Германија.
После што ја заврши кариерата, позади него остави рекорд по број на постигнати погодоци на светските првенства, а после играчката кариера, се одлучи да се запише во тренерско училиште, и многу брзо ќе побара ангажман во младите категории на фудбалските клубови.
„Најголем успех имав со репрезентацијата, таму поминав прекрасен период и затоа секогаш се враќав. Во последните неколку месеци размислував за враќање на терен, но со една нова перспектива, таа тренерската. Уште како играч многу ме интересираа припремите за натпреварот и стратегијата. Многу сум благодарен на Лев и Флик кои одма почнаа да ми даваат поддршка и да ми даваат подобар поглед на таа улога“, рече 38-годишниот Клосе.















