До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
За нешто помалку од месец дена игра, по мислење на многумина, најатрактивниот натпревар во клупскиот фудбал.
На Ноу Камп ќе се сретнат Барселона и Реал Мадрид, а тој меч е на распоредот во сабота со почеток од 16:15 часот, што е многу необично за ваков голем натпревар кој се навикнавме да го гледаме во ноќен термин.
Терминот за првото Ел Класико во сезоната денеска е официјалено потврден, а главната причина што натпреварот е закажан за 16:15 часот е желбата за мечот да може да се следи нормално и во азиските земји, поради што е важно за двата шпански гиганти повеќе поради маркетинг.
Моментално на табелата во Ла Лига води Реал Мадрид со 24 бода, два повеќе од второпласираната Барселона.















