Очекував од Балотели дека ќе биде полуд


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Италијанскиот напаѓач, Марио Балотели ова лето се пресели во Ница.

    Балотели после епизодата во Ливерпул мораше да бара нов клуб, а кариерата одлучи да ја продолжи во Ница. Сепак, од доаѓањето во овој клуб Балотели повторно почна да игра фантастично. За него зборува Данте, неговиот соиграч кој стигна во Ница од Волфсбург ова лето.

    Поранешниот дефанзивец на Баерн изјави дека бил среќен кога слушнал дека заедно ќе игра со италијанскиот напаѓач, но призна дека очекуваше многу повеќе драма.

    „Очекував од Балотели да биде полуд на тренинзите, натпреварите и надвор од теренот. Но, тој ме демантираше. Само да видите како се однесува на тренинзите. На сите ни зборува дека мора да бидеме подобри. Да ми кажеше дека тој ќе биде таков немаше да му поверувам“, изјави Данте.