Парис триумфираше во Кицбил, Фојц трагичар


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Доминик Парис е победник на третиот спуст оваа сезона во Кицбил.

Италијанецот победи со време од 1:55.01 пред французите Валентин Жиро Моан и Јохан Клер.

Трагичар на оваа трка е швајцарецот Бит Фојц кој пред крајот на трката имаше убедливо најдобро време, но во самиот финиш поради една грешка заврши во заштитната ограда.

За 27-годишниот Парис ова беше прва победа оваа сезона во светскиот куп, а вкупно 7 во кариерата.