Пенал ја спаси ЦСКА од пораз против Леверкузен


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на ЦСКА Москва ремизираа против Баер Леверкузен во натпревар од петото коло од групната фаза во Лигата на Шампионите.

    Кевин Воланд на асистенција на Кевин Кампл го доведе Баер Леверкузен во водство во Русија. Потоа по голот на ЦСКА се закани и Џагоев кој беше непрецизен. На полувреме резултатот беше 0:1. Чалханоглу од слободен удар во второто полувреме за малку беше непрецизен. После одбиена топка Головин шутираше, но тоа беше лесна топка за голманот на Леверкузен. Хенрикс во 75-та минута направи прекршок во казнениот простор, тоа го казни Начо кој од белата точка го израмни резултатот. Стрелецот на првиот погодок, Воланд имаше шанса да го врати водството на Леверкузен, но ја погоди стативата. Резултатот после 90 минути гласеше 1:1.

     

    Леверкузен во последното коло на Бај Арена ќе игра против Монако, а ЦСКА ќе му гостува на Тотенхем.