До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Рокот е јануари 2018 фгодина или порано, ако суспензијата падне.
Арон Ремзи не игра баш често во оваа сезона, комбинација на повреди и конкуренција во вид на Озил и Џака го оддалечија од тимот. Минути добиваат Ивоби, како и Кокелин, па и Велшанецот е често на клупата.
Го продолжи договорот со Арсенал, но повик од Реал може да промени се.
Имено, како што пишува АС, Реал Мадрид го индентификува како одличен додаток на средниот ред. Покрај тоа, тој е многу добар пријател со Бејл, па може сонародникот да му го олесни претстојот во Мадрид.
Двоец на Велшани во Мадрид, до пред некоја година, звучеше како научна фантастика, но сега е сосема можно.
Се прашува Арсенал, се зборува за понуда од 30 милиони евра, но ако Ремзи биде и понатака надвор од тимот, овој трансфер е реален.
Додуша, како што сега стојат работите, може да следи тоа дури за година дена, ако Реал може да го купи Ремзи веќе во наредното лето, и да сочекаат јануари да го регистрираат.
Овој играч за врска има 25 години, место може да му направи Иско или Родригез кои се незадоволни со статусот и лесно може да го напуштат клубот во еден од наредните два преодни рокови.
Ремзи е познат и како „убиец на познатите“, ја знаете веројатно за приказната за тоа кога ќе постигне гол, умира некоја позната личност.














