Пет минути беа доволни за старата дама – Емполи не можеше да ги запре Дибала и Игуаин


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Фудбалерите на Јувентус во првиот натпревар на програмата денес од Серија А славеа убедливо на гости против Емполи со 0:3.

    Старата дама доминираше во текот на целиот натпревар. Во првото полувреме се редеа шанси за Јувентус. Лукаш Скорупски запре многу удари на фудбалерите на Јувентус. На полувреме се замина со резултат 0:0. Во 65-та минута Пауло Дибала на асистенција на Алекс Сандро му донесе водство на Јувентус. Две минути подоцна Марио Лемина му асистираше на Гонзало Игуаин кој го зголеми водството на Јувентус. Аргентинскиот напаѓач, Гонзало Игуаин по втор пат ја затресе мрежата на Скорупски во 70-та минута, 0:3. Марио Лемина пред последните петнаесет минути од натпреварот испрати бомба кон Скорупски кој едвај успеа го одбрани шутот. Јувентус славеше на овој натпревар и ја зголеми предноста во однос на Наполи кој е втор на табелата во Серија А и има еден натпревар помалку.

    Шеста победа за Јувентус во седум кола, домашните фудбалери со денешниот пораз имаат вкупно пет оваа сезона.