До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Атлетико Мадрид денеска на својот Висенте Калдерон запиша висока победа против Спортинг Хихон (5:0) во натпреварот од четвртото коло од Ла Лига.
Атлетико до водство стигна веќе во втората минута од натпреварот кога на асистенција на Гамеиро погоди Гризман. Три минута подоцна екипата ја дуплираше својата предност, а овој пат мрежата на Хихон ја затресе Гамеиро.
До крајот на првото полувреме Атлетико Мадрид постигна уште еден гол. Коке овој пат беше во улога на асистент, а стрелец по втор пат на денешниот натпревар беше Гризман. Во второто полувреме Атлетико имаше иницијатива на средината на теренот, и ја чуваа својата предност.
Диего Симеоне се одлучи на средината на второто полувреме шанса да даде на Фернандо Торес. Ел Нињо после само три минути на теренот успеа да се запише во листата на стрелците и зголеми на 4:0. Истиот играч во финишот на натпреварот од белата точка ги постави конечните 5:0.
Атлетико Мадрид е трет на табелата со осум освоени бодови, додека Хихон е петти со еден бод помалку.














