Петр Чех признава дека Арсенал треба многу да научи од Мурињо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Петр Чех, открива дека Арсенал, не го практикува менталитетот на неговиот поранешен тренер Мурињо.

„Топчиите“ лошо ја започнаа сезоната, освојувајќи само три поени од три натпревари, а губејќи веќе два натпревари на стартот од Септември.

Арсен Венгер веќе не е посакуван од фановите, кој секојденвно го искажуваат својот гнев кон менаџерот и посакуваат тој да замине, но тој на почетокот на летото стави потпис на нов двегодишен договор.

Петр Чех верува дека иако менталитетот на „Емирати“ од година во година се менува, сепак вели дека можат многу да научат од Мурињо и неовиот цврст менталитет.

„Кога МУрињо дојде во Челзи од Порто, тој со себе ја доведе најважната работа. Тој дојде од клуб каде што не беше прифатливо да се заврши втор на табелата“. – Чех изјави.

„Истиот тимски дух продолжи и во Челзи, тој размислуваше на победа и ништо друго“.

„Ги мразеше нерешените натпревари, ако се вратевме во соблекувалната со нерешен резултат тој не беше среќен“.

„Од друа страна пак не му беше важно дали ќе победите 1-0 или 5-0 победа беше победа за него и тој го ценеше тоа“.

„Во Арсенал имаат друга филозофија, сакаат да победат, но сакаат на добриот начин, а Мурињо не го интересираше тоа, но сметам дека работите во Арсенал ќе се променат и ќе тргнат на добро“.