Пике жестоко им одговори на критичарите после уште еден слаб натпревар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона синоќа ремизираа на гостувањето против Валенсија (1-1) во дербито од осмото коло на шпанската Ла Лига.

Каталонскиот клуб продолжи со резултатската криза во домашното првенство, бидејќи ова беше четврт натпревар по ред во кој не успеаа да освојат три бода.

Барселона со гол на Меси освои бод на Местаља, а на мета на критики после натпреварот повторно беше Жерард Пике.

Дефанзивецот на Барселона е во лоша форма, и скоро на секој натпревар прави грешка по која противничките фудбалери постигнуваат голови. Така беше и синоќа кога Гарај ја доведе Валенсија во водство, откако Пике не реагираше баш најдобро. Сепак на крајот од мечот одлучи силно да им одговори на критиките на навивачите на Барса.

„Знам дека има многу луѓе кои се надеваат дека работите нема да одат на добро за мене. Можат да уживаат, да излезат од своите пештери и да уживаат во сонцетоК. ога и да примиме гол тие кажуваат дека е моја кривица. Тие луѓе чекаат да се случи нешто и да може да плукаат по мене, а тоа не е само во Мадрид“, порача Пике.