До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
На местото шеф на стручниот штаб на Интер неодамна е поставен поранешниот стратег на Лацио Стефано Пиоли, тој е спремен да повлече и неколку играчи од “Небесносините“ со себе.
После отказот кој го доби Де Бур, договор челниците на Интер на крајот потпишаа со италијанскиот стратег Стефано Пиоли.
Тој парафираше соработка до 2018 година, а веќе почна да се шушка и за потенцијалните промени кои можат веќе во јануари да ги направи во играчкиот кадар.
Изрази желба да го доведе одличниот Бразилец од редовите на Лацио, повеќе за тоа ТУКА, а сега по Италија кружи приказна дека е заинтересиран за уште еден фудбалер со кој соработуваше во претстолнината.
Имено, Интер во јануари може да го засили привремениот аргентински репрезентативец Лукас Биља.
Аргентинецот и порано беше доведуван во врска со премин на Меаца, но остана на Олимпико. Со Лацио има договор до 2018 година, по кој заработува 1.4 милиони евра за сезона.
Разговорите за продолжување на соработката забави, и се е повеќе јасно дека Биља сака да ги напушти Орлите.
Интер ја следи целата ситуација.
Биља наводно од Лацио бара плата од 3 милиони, Нероаѕурите тоа можат да му го понудат.
Во оваа сезона запиша шест настапи за Небесносините и запиша една асистенција. На теренот го немаше често порад повреда на листот.















