До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ништо од завршување на работата, нереално е до крајот на неделата Милан да добие нови сопственици. Навивачите во страв, ова е планот на Берлускони.
Силвио Берлускони може да го продолжи рокот на Кинезите за откуп на клубот, веќе уплатија 100 милиони евра, газдата на Милан сака да го пролонгира рокот со цел да биде сигурен за да дојде до превземање.
Тој останува претседател, ги смирува навивачите со зборовите дека ги знае имињата на луѓето кои стојат позади понудата и дека се е во ред.
Имаше доста непријатности, кога Марчело Липи рече дека некои од луѓето кои ги прашуваше не знаат кои се членовитге на конзорциумот спремни да вложат во Милан.
За разлика од претходните години работите на теренот одат добро, „лоу-кост“ Милан е втор на табелата, заедно со Рома, имаат четири бода помалку во однос на Јувентус, кој не делува убедливо.
Меѓутоа, и покрај тоа што апетитите на навивачите пораснаа, јасно е дека враќање во ЛШ ќе биде голем успех со овој тим.
„Ако пропадне работата со Кинезите, останувам, и ќе направам италијански Милан“, рече Берлускони.
На добар пат е, просекот на годините на стартниот состав на Милан е под 25 години, од странците единствен значајна улога има Шпанецот Сусо.
Сега Бака изгледа вишок, клубот ќе проба да го продаде на крајот на сезоната, а планираат да доведат уште неколку италијански играчи со цел дополнително да го засилат тимот.
На листата на мети се ѕвездата на Торино Белоти кој со Лападула ќе го сочинуваат тандемот во нападот, но и одличното трио од Аталанта, Калдара, Гаљардини и Конти.
Со Донарума, Де Шиљо, Локатели, Бонавентура, Абате, Калабрија, Палета, Антонели, Монтоливо и Бертолачи тоа би било италијанско јадро на тимот.
Од странците ќе останат Куцка и Нианг, но тешко дека ќе бидат стандардни.
Со Бака, извесно дека клубот ќе го напушти заборавениот Хонда, но и играчи како Луиз Адријано, Ванџиони, Соса, па и Запата, Густаво Гомез кои се во втор план. Позајмиците истекуваат на Мати Фернандез и Марио Пашалиќ.















