ПМФЛ: Вардар убедлив, Победа и Пелистер ремизираа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денеска на програмата беше 19тото коло од Првата Македонска фудбалска лига и на програмата како и секогаш имаше пет натпревари.

Почнуваме од Штип каде што Брегалница ја дочека Ренова, но повторно поразена, со 0:1 со голот на Усеини уште во 10тата минута од натпреварот. Брегалница уште чека на својата втора победа оваа сезона.

Во Ѓорче Петров, Работнички убедливо ја совлада екипата на Македонија Ѓорче Петров со 0:3. Стрелци за Работнички беа во 10тата минута Сахити, и Ивановски со 2 погодоци од белата точка во 59тата и 78мата минута.

Во Прилеп, Победа и Пелистер ги поделија бодовите, односно и двете екипи имаа по 2 погодоци. Бојовиќ во 10тата минута го доведе Пелистер во водство, но после 12 минути Гешоски од пенал израмни. Во 73тата минута, Пелистер повторно дојде до водство со голот на Иљовски од пенал, но овој пат после 5 минути Победа врати и повторно израмни, а овој пат стрелец беше Крстески.

Шкендија подобра од Силекс во Тетово со 2:0. Хасани во судиската надокнада во првото полувреме стрелаше за 1:0, а во 79тата и Медједовиќ го донесе конечниот резултат.

Вардар на Филип Втори Арената го победи Шкупи со 3:0. Уште во 2рата минута Бесарт си постигна автогол, а во 15тата Фелипе стрелаше за 2:0. Конечниот резултат го постави Блажевски во 82рата минута.

Табелата после ова коло:

1.Вардар 44

2.Шкендија 40

3.Работнички 31

4.Пелистер 30

5. Ренова 26

6.Силекс 24

7. Победа 16

8.Шкупи 16

9.Македонија ЃП 15

10.Брегалница 11