„Повеќе се плашам од заболекар, отколку од Златан Ибрахимовиќ“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Златан Ибрахимовиќ во последно време игра многу лошо за Манчестер Јунајтед.

    Еден од натпреварите каде што Златан не покажа ништо е мечот со Ливерпул (0:0), а голманот на Редсите Лорис Кариус за Билд даде интересна изјава.

    Новинарите го прашаа дали повеќе се плаши од забар или од Златан Ибрахимовиќ, а тој без размислување одговори:

    „Се плашам од забар. Ибрахимовиќ е голем играч, но во текот на мечот не е важно кој е на другата страна и нема страв на теренот“, рече Кариус.

    Младиот голман во оваа сезона настапи во пет натпревари за Редсите, а прими три гола.