До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Голем удар за Реал Мадрид.
Иако е најавено дека Герет Бејл ќе биде надвор од тимот само до крајот на годината,
Бејл на 29 ноември ќе биде опериран во Лондон и според најновите прогнози го очекува околу три месеци пауза.
Тоа значи дека Бејл во најдобар случај може да биде спремен во февруари месец во осмина финалето на ЛШ.
Бејл ќе пропушти голем број на важни натпревари во тој период, а најважно ќе биде секако дербито со Барселона во наредниот викенд на Ноу Камп, како и одлучувачкиот меч со Борусија Дортмунд за првото место во групната фаза на ЛШ.
Покрај тоа, Велшанецот ќе го пропушти СП за клубови на средината на декември, како и некои тешки мечеви во Примера, како што се гостувањата во Валенсија и Севиља.
Да потсетиме, Бејл на последниот меч во Лисабон се здоби со тешка повреда на членот поради што го напушти теренот во 57 минута.















