„Поради Хендерсон останав без работа“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Минатите недели Англија ги потресе многу скандали околу трансфер на играчи, но во центарот на вниманието дојде интересна приказна од Англија.

    Некогашниот директор на Ливерпул, Дамиерн Комоли, изјави дека трансферот на Џордан Хендерсон го чинеше работа на Енфилд.

    Комоли бил главен „виновник“ што Хендерсон за 16 милиони фунти во 2011 година стигна кај Редсите.

    „Хендерсон е виновен што добив отказ. Сопствениците на клубот ми рекоа дека направиле грешка што го довеле, и дека тој трансфер е само фрлање пари. А видете сега, то је еден од најдобрите играчи во екипата и стандарден репрезентативец на Англија. Може тоа да ми помогне повторно да се вратам во Ливерпул“, рече Комоли.

    Тој додаде дека не добил сеуште извинување од клубот за отказ за кој немале основа. Сепак, Комоли се надева дека еден ден ќе се врати на Енфилд бидејќи тој е единствен клуб кој му е во срцето.