До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на Интер Стефано Пиоли во своето деби на клупата освои бод благодарение на голот на Иван Перишиќ во 92 минута.
„После овој натпревар уште повеќе верувам во Лигата на шампионите. Трката сигурно ќе биде тешка, ноп имаме силна екипа и моментално состојбата на табелата не е ни приближно во тоа колку можеме. Не заслуживме да загубиме, задоволни сме со реми. Мораме уште да работиме и да напредуваме. Пред овој натпревар од играчите барав ладни глави и жешки срца, и тоа и го имаа“, рече Пиоли па продолжи:
„Мораме да бидеме поодлични во нападот, но и во одбраната. Мораме да научиме да напаѓаме во вистински тајминг, а не само со голема желба. Сигурен сум дека тоа ќе го усовршиме бидејќи тоа вечерва го подобривме. Не разговарав со ниту еден поранешен тренер на Интер веќе сакав да се спојам со оваа средина и мојата екипа да напредува со секојдневна работа. Веќе реков дека дојдов овде во најдобар момент во мојата кариера, а како дете мечтаев за боите на Интер“.
Габигол остана на клупа.
„Тој е исклучително квалитетен играч кој напорно работи, но не може сите одма да добијат шанса. Има време“.
Жофри Кондогбија го одигра целиот натпревар за Интер.
„Не играв два месеци, а кога е така тогаш морате да дадете уште нешто екстра на натпреварот. Мислам дека беше ОК, но морам уште подобро“, рече 23-годишниот Французин, еден од тие кои беа во конфликт со поранешниот тренер Франк Де Бур:
„Не се разбиравме. Тоа е се што ќе речам. Не сакам да плукам по него, не сум таков. Ако имам нешто да му речам, ќе го повикам“.















