До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Синоќа Јувентус доживеа тежок пораз во големото дерби против Милан, а тренерот Масимилиано Алегри не беше среќен поради тоа.
Помалку неверојатно, но вистинита делува неговата изјава после натпреварот.
Имено, поради лутење и разочарување кое му го приредија неговите играчи, Алегри во целост го откажа денешниот тренинг со екипата.
Како што вели Италијанецот, подобро е да не ги види денеска бидејќи сите се лути меѓусебно.
„Било што да направивме, немаше да дадеме гол шест дена! Во недела нема тренинг, лути сме еден на друг, подобро да не се видиме“, истакна Алегри, и додаде:
„За тој поништен гол не сакам да зборувам ништо. Тоа се случува и не е мое да коментирам“.
После тоа новинарите го потсетија Алегри дека и на Милан пред 4 години е поништен чист гол со кој тогаш на Милан ќе му ја донесеше титулата шампион на Италија.















