Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во денешниот фудбал малкумина се оние кои не сакаат да го облечат дресот на Јувентус, поради значајното отсуство на Милан во европскиот фудбал.
Но и денеска сеуште има такви. Оние кои го следат италијанскиот фудбал сигурно се запознаени со Франк Кеси, играч од Брегот на Слоновата Коска, настапува во Аталанта. Во Италија дојде на 16 години и играше во неколку тимови пред да дојде во Бергамо.
Игра спектакуларно, па одби официјална понуда од Јувентус, наведувајќи дека причина е тоа што не сака да игра во Торино.
Кеси се изјасни дека е голем фан на Милан, дека идол му е Шевченко и дека сон му е да игра на Сан Сиро, но носејќи го црвено-црвениот дрес.
Прв пат тоа се случило во летото 2013 година, а потоа и во текот на неодамна затворениот трансфер пазар.
„Да, во 2013 година Јувентус ме бараше и ме гледаше на Светското првенство за играчи до 17 години. Но, јас уживав гледајќи го Милан и го обожавав Андриј Шевченко“, рече Кеси за Газета дело Спорт.
Освен Јувентус, Кеси во летото го бараа и Сандерленд, но него тоа не го интересираше. Не крие дека во Англија има само една желба, а тоа е Манчестер Јунајтед.
„Сега сакам да учам за италијанската тактика и да се усовршам како играч, но еден ден сакам да играм во Премиер лигата и тоа во Манчестер Јунајтед. Не знам дали Жозе Мурињо ќе биде во клубот и колку долго, но мене Манчестер Јунајтед ми е омилен клуб“.
Ете, има и такви кои не сакаат во најдоминантниот тим во италијанскиот фудбал…