Почна незадоволството во Манчестер: Французин сака да замине од Олд Трафорд?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Еден фудбалер на Манчестер Јунајтед побара дозвола од управата да го напушти клубот во јануари, пренесуваат островските медиуми.

    Досега најмногу се зборуваше за незадоволството на Хенрик Михтаријан, но прв кој кој се пресели да биде во втор план е Морган Шнајдерлин.

    Французинот одигра само пет минути во Премиер лигата во оваа сезона, па неговото незадоволство од статусот  кој го има кај Мурињо е сосема очекувано.

    Погба, Ерера и Фелаини имаат предност во однос на него, а изгледа дека капката што ја прелеа чашата е што Мурињо неодамна демонстрираше дека повеќе верува во ветеранот Керик отколку во него.

    „Морган не сака неговата кариера да стагнира. Никој не бибил среќен кога ќе одигра само натпревар против Фенербахче или Нортемптон, Не верувам дека ситуацијата ќе се подобри, Мурињо не дава знак во тој правец“, изјави неименуван извор близок до Шнајдерлин.

    Да потсетиме, Ван Гал издејствува кај управата на Ѓаволите за Французинот да го доведат од Саутемптон во минатото лето за 24 милиони фунти во силната конкуренција на Арсенал, Челси и Тотенхем.