Првиот човек на Сасусоло зборува за своите амбиции со тимот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сасусоло е клуб кој не прекинува да расте. Клуб со големи амбиции. Оваа сезона играат во Лига Европа но тоа натпреварување по се изгледа не ги задоволува во Сасусоло. Првиот човек на клубот Џорџо Сквинчи ги најавува големите планови.

Денеска од 18:00 гостуваат во Торино кај Јувентус, и тоа е уште една прилика да ги покажат своите квалитети.

„Постојат чуда во фудбалот. Можеби оваа ќе биде сезона во која ќе направиме чекор напред, а тоа е да бидеме во првите три-четири клубови во Серија А, но ќе биде тешко. Тие се на друго ниво во однос на нас, но ние уште се надеваме. Минатата сезона рамномерно се носевме со големите тимови, дури и ги победувавме некои, и губевме поради судиски грешки. На прав пат сме, а во нашите планови може да ни помогне и кризатаљ во италијанските тимови“ – изјави газдата на Сасусоло.

Тренер е Еузебио Ди Франческо.

„Ди Франческо е средината на нашиот проект. Почнавме со него, сакаме и да продолжиме. Не се плашам дека ќе го изгубам поради голем клуб, но му го продолжив договорот до 2019 година. Се фокусираме на млади италијански фудбалери, тоа е нашата цел“ – вели Сквинчи.

Сквинчи зборува дека Сасусоло може да биде новиот Лестер:

„Во 1994 година го формиравме МАПЕИ тимот во велосипедизам,никој не очекуваше па на крај бевме први. Во фудбалот, чудата се можни“