Прибак со два погодоци учествуваше во поразот на Бешикташ од Нант


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Нант славеа на гости против Бешикташ со 28:33 во натпревар од осмото коло од групната фаза во Лигата на Шампионите.

    Гостите од Франција на полувреме заминаа со предност од два погодоци, 14:16. Во вториот дел повторно доминираа на теренот гостите, а најголемата предност им беше девет погодоци, 24:33. Со серија од четири погодоци во финишот на натпреварот на ракометарите на Бешикташ, успеаа да намалат на 28:33 кои беа и конечни.

    Буриќ со 7 погодоци го предводеше Нант до победа. Озхабар беше најефикасен во тимот на Бешикташ со 8 погодоци. Македонскиот репрезентативец и ракометар на Бешикташ, Немања Прибак натпреварот го заврши со 2 погодоци.

    Бешикташ во следното коло му гостува на Мотор Запорожје, а Нант во Франција ќе го пречека Холстебро.