Прилеп лесно со фенерџијата Работнички, Борец го декласира Вардар Јуниор


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се одиграа и последните два натпревари од 15-то коло во македонската ракометна прва лига.

Прилеп убедливо на гости го победи Работнички, 29:38.

Гостите после првите 30 минути имаа водство од четири погодоци, 14:18. Во второто полувреме прилепчани ја зголемија предноста која на крајот беше и двоцифрена, 29:38.

Александар Тренчевски и Јане Јанчев со по 8 погодоци го предводеа Прилеп. Кај Работнички најмногу се истакна Дарио Симоноски со 10 погодоци.

Седма победа за прилепчани, а 15-ти пораз во исто толку натпревари на Работнички кој е закован на дното на табелата.

 

Борец на домашен паркет го декласира Вардар Јуниор, 38:25.

Велешани доминираа од почеток на натпреварот. На полувреме заминаа со 7 погодоци предност, 20:13. Борец и во второто полувреме доминираше, па победи со двоцифрена предност, 38:25.

Дарко Димитриевски го предводеше Борец со 10 погодоци. Кај Вардар Јуниор, Мартин Поповски се истакна најмногу со 9 погодоци.

Борец денес ја запиша осмата победа, а Вардар Јуниор десетиот пораз оваа сезона.