Примера: Три големи награди завршија во Атлетико!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Најквалитетното натпреварување во Шпанија ги бира најдобрите од минатата сезона.

    Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ е прогласен за најдобар играч за врска во лигата, повеќе за тоа ТУКА.

    Доделена е награда и за најдобар дефанзивец, најдобар тренер, најдобар голман и најголемо откритие, а три од четири награди завршија на Висенте Калдерон.

    За најдобар дефанзивец на Примера е прогласен Диего Годин од редовите на Јорганџиите.

    Уругваецот беше еден од клучните играчи во уште едно изборено финале на ЛШ, на 46 настапи запиша еден погодок.

    Покрај него, во „црно-белиот“ дел од Мадрид отиде и наградата за најдобар тренер на годината. Диего Симеоне ја понесе ласкавата награда, иако неговата екипа заврши како трета на табелата на Примера со 88 освоени бодови.

     

     

     

     

    Откритие на сезоната е фудбалер на мадридски Реал Марко Асенсио, кој во минатата сезона го носеше дресот на Еспањол како позајмен играч на кралскиот клуб.

    Тој во дресот на Еспањол одигра 34 меча во Примера, а запиша и четири погодоци.

    За најдобар чувар на мрежата прогласен е Словенецот од редовите на Атлетико Мадрид Јан Облак. Тој во минатата сезона прими само 18 голови, а имаше 82 одбрани.