Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанскиот напаѓач, Симоне Заза по само шест месеци би можел да го напушти тимот на Вест Хем.
Заза ова лето одлучи да ја напушти екипата на Јувентус и кариерата да ја продолжи во лондонската екипа, но очигледно дека тоа беше погрешен потег. Италијанскиот напаѓач нема многу прилика за игра и веќе најави дека во јануари ќе побара нов клуб.
Се разбира, многу италијански клубови се заинтересирани за Заза, но тој сака да се обиде да игра во некоја друга лига. По неговата изјава, лидерите на Валенсија се заинтересираа и се би направиле да го видат Заза во својата екипа.
„Лилјаците“ се подготвени да платат околу 20 милиони евра на Вест Хем. Лондонскиот клуб не би требало да прави проблеми околу висината на надоместокот, единствената цел им е да се ослободат од Италијанецот.