ПСЖ му го нанесе првиот пораз на Барселона во ЛШ


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на ПСЖ славеа на домашен паркет со 32:26 во натпревар шестото коло од групната фаза во ЛШ против Барселона.

    Францускиот клуб првото полувреме го доби со три погодоци предност, 15:12. Каталонците во вторите триесет минути се обидуваа да го намалат водството, но најмногу што направија беше да стигнат само до два негатива. ПСЖ на крајот славеше со 32:26 и за прв пат некој клуб ја порази Барселона во ЛШ оваа сезона.

    Ремили со 7 погодоци беше најефикасен во тимот на ПСЖ. Дика Мем го заврши натпреварот како најефикасен во тимот на Барселона со 5 погодоци. Македонскиот репрезентативец, Кирил Лазаров постигна 4 погодоци.

    ПСЖ во следното коло игра повторно дерби натпревар и тоа против Веспрем во Унгарија, а Барселона гостува во Данска против Силкеборг.