До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Според пишувањата на островските медиуми Светците нема да жалаат пари за фудбалерот на Редсите.
Парижаните тргнаа лошо во новата сезона. Во Лигата шампионите за малку да се лизнеа во Разград, додека во Лига 1 веќе на два наврати паднаа.
Емери пополека ги слопува коцките, а се верува дека клучот за успехот може да му го донесе еден фудбалер на Ливерпул.
Имено, Пари Сен Жермен спрема понуда за бразилскиот репрезентативец од редовите на Енфилд Филипе Кутињо!
Момчето кој вистинската шанса на Европска сцена ја доби под Рафа Бенитез во Интер, дури во Ливерпул покажа колку навистина вреди.
Од заминувањето на Луис Суарез во Барселона, се формира како најдобар играч на екипата, посебно кога е најтешко.
ПСЖ за неговите услуги е спремен да испрати речиси неверојатна понуда. Тие според последните информации ќе пробаат да го придобијат Ливерпул да им го отстапат играчот за врска за 25 милиони евра и Лукас Мура!
Да потсетиме дека Бразилецот на Паркот на Принцевите стигна пред три години за 45 милиони евра, а кога се ќе се собере Парижаните нудат 70 милиони евра за 24-годишниот Кутињо.
Уште кога ќе го додадеме фактот дека Лукас Мура е голема желба на Јирген Клоп уште од времето кога го тренираше Дортмунд, нема сомнеж дека оваа понуда на ПСЖ е многу примамлива за Редсите.
Сепак, нема сомнеж дека продажбата на Кутињо ќе ги разочара своите навивачи, бидејќи тие малиот Бразилец во минатата сезона го прогласија за играч на годината.















